21 Јануари, 2025
0.0260

ПОЧНА БЕРБАТА НА ЈАБОЛКА ВО ПРЕСПА: Работниците бараат и по 2.200 денари дневница, но не сите овоштари се во можност да платат толку

Објавено во: Економија, Агробизнис 24 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Од 1.500 денари до 2.000 или 2.200 денари се движат дневниците во Преспа за берба на јаболка. Некои од овоштарите на работниците им нудат сместување и три оброци дневно и тоа ја одредува висината на дневницата. Двете страни се договараат и за превозот. Тоа е работа на договор меѓу овоштарот и работниците.

Еден работник во просек дневно треба да собере 35 до 40 гајби со јаболка. 

„Кога зборуваме за рентабилност, низа на години и оваа не сме рентабилни во суштина. Се работи да се преживее година за година.  Има намалување како на површината, така и на бројот на овоштарите. Некои се откажуваат, во неможност да обезбедат рентабилност или во крајна мера ги одржуваат овошните насади со одредена заштита, колку да произведат индустриско јаболко, а трпезното јаболко е минимално. Втората работа е што веќе од пред една или два години бројот на работници се намалува, се активираат сопствените ресурси по семејства, роднини, пријатели, од други градови за да се реализира бербата. Таа дневница која се споменува не можат да ја исплатат дел од овоштарите. Оние овоштари на кои овоштарството им е дополнителна дејност, ако се две - три лица вработени во администрација или во која било дејност, фабрика, за нив не претставува проблем да платат. Тука имаме нерамноправност на оние на кои овоштарството им е основна дејност и тешко дека ќе можат да продолжат во иднина“, вели Љубе Пампулески од Здружението на овоштари „Благој А.Котларовски“ од Ресен.

Работници  доаѓаат од соседните општини, а има и одредена категорија на луѓе кои можат во октомври да користат неплатен одмор за да одат на берба на јаболка или станува збор за пензионери кои можат да работат.

Притисок прави прави и времето, затоа што имавме суша, па врнежи. Не се знае дали времето ќе им оди во прилог на овоштарите во октомври. Ако има осцилации, тоа нема да им одговара.

Неколку илјади работници се потребни во Преспа за берба на јаболката.  Пампулески објаснува дека делумно бербата е почната, поради порана зрелост на јаболката, но тоа се 10 до 20 отсто, а за недела дена бербата ќе се интензивира и сите ќе бидат во овоштарниците.

Се очекува да има околу 60.000 до 70.000 тони трпезно јаболко и 20.000 до 30.000 тони индустриско јаболко. Од низа фактори, а пред сè од температурните разлики, тешко е точно да се предвиди количината на јаболката која сезонава ќе биде собрана. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ЦЕНИ ХРВАТИТЕ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ: Не купувајте ништо

ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ЦЕНИ ХРВАТИТЕ ПОВИКУВААТ НА БОЈКОТ: Не купувајте ништо

ЕСМ: Нормализирана е испораката на топлинска енергија

ЕСМ: Нормализирана е испораката на топлинска енергија

ИЗБРАНИ СЕ НАЈДОБРИТЕ ГЕРМАНСКИ РАБОТОДАВЦИ: На прво место е компанијата која е присутна и во Македонија

ИЗБРАНИ СЕ НАЈДОБРИТЕ ГЕРМАНСКИ РАБОТОДАВЦИ: На прво место е компанијата која е присутна и во Македонија

ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ - бензините ќе се продаваат за денар и пол повеќе од претходно, еве колку ќе поскапи дизелот

ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ - бензините ќе се продаваат за денар и пол повеќе од претходно, еве колку ќе поскапи дизелот

Со пари од унгарскиот заем исплатена Еврообврзницата во износ од 500 милиони евра издадена во 2018 година

Со пари од унгарскиот заем исплатена Еврообврзницата во износ од 500 милиони евра издадена во 2018 година

ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ „СМРЗНАА“: Загуби на вода ги оставија скопјани без парно

ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ „СМРЗНАА“: Загуби на вода ги оставија скопјани без парно

КАУФЛАНД СЕ ШИРИ, ОТВОРА НОВИ ПРОДАВНИЦИ: Новини на неколку атрактивни локации

КАУФЛАНД СЕ ШИРИ, ОТВОРА НОВИ ПРОДАВНИЦИ: Новини на неколку атрактивни локации

ИМАА 100 ПРОЦЕНТИ ПОПУСТ ЗА ВОЗ, НО ЕЛИТАТА ОД ЕУ МАСОВНО ПРИСТИГНУВА СО ПРИВАТНИ АВИОНИ: А, во Давос ќе разговараат и за климатските промени

ИМАА 100 ПРОЦЕНТИ ПОПУСТ ЗА ВОЗ, НО ЕЛИТАТА ОД ЕУ МАСОВНО ПРИСТИГНУВА СО ПРИВАТНИ АВИОНИ: А, во Давос ќе разговараат и за климатските промени

СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО МОЖЕ ДА ЈА КУПИТЕ МЕЛАНИЈА: По стапките на сопругот, и американската прва дама лансираше криптовалута

СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО МОЖЕ ДА ЈА КУПИТЕ МЕЛАНИЈА: По стапките на сопругот, и американската прва дама лансираше криптовалута