Почна да се гради третиот најавен автопат „Мајка Тереза“
Објавено во: Македонија 31 Мај, 2014 21:10
Во 2009 година се крена еуфорија кога владата најави изградба и обнова на 300 километри автопатишта, инвестицијата требаше да чини околу милијарда евра, што беше како дел од најавата за влез на 8 милијарди инвестиции во сите сектори во земјава.
Долго најавуваната изградба на третиот автопат низ земјава конечно започна со изградба на автопатот Мајка Тереза, од Кичево до Охрид.
Имено, овој автопат според најавите треба да биде сo должина од 57 километри, ширина од 25,5 метри, со две автопатски ленти, дополнителна линија за запирање и зелен појас.
Вкупната вредност на инвестицијата во согласност со договорите изнесува 372 милиони евра, а автопаските делници ги гради кинеската компанија „Сајнохидро корпореишн лимитед“ во соработка со македонските компании „Гранит“ и „Трансмет“.
Проектот предвидува изградба на 7 мостови 22 вијадукти, 6 натпатници, 13 потпатници и еден тунел кај Пресека со должина од околу 2 км.
Според договорот на автопатот ќе работат 49 проценти работници од компаниите и 51 % од работниците кои се пријавија во центрите за вработување преку огласи.
Досега се имаат пријавену вкупно 200 лица од охридскиот регион.
Еден од најважните автопати е предвидено да го поврзува Скопје со Бугарија и со Албанија а ќе треба да биде доизграден до 2017 година според најавите кои ги даваше премиерот.
Проектот предвидува изградба на 7 мостови 22 вијадукти, 6 натпатници, 13 потпатници и еден тунел кај Пресека со должина од околу 2 км.
Вкупно 161,4 километри автопат се изградени во Македонија за 18 години. Односно во периодот од 1994 до 2012 година, во земјава се инвестирани околу 230 милиони евра за изградба на автопати низ целата држава.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




