02 Декември, 2024
0.0256

Почна есенската сеидба во Пелагонија

Објавено во: Агробизнис 08 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

За разлика од Овчеполскиот регион во, во битолскиот дел на Пелагонија, есенската сеидба е во полн ек. Според информациите од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во овој регион есенските култури ќе бидат засеани на површина од 23.000 хектари.  Во моментов прившрува сеидбата на јачменот, а до крајот на месецот треба да заврши и сеидбата на пченицата. Земјоделците велат дека во овој дел од земјата, временските услови се солидни за извршување на сите агротехнички мерки. За разлика од другите региони во земјава каде што земјоделците сеуште не можат да почнат со подготовките за сеидбата, во битолско изминатиот период заврнало доволно количество дожд што услов за навремени подготовки на почвата за сеидба. Годинава во пелагонискиот регион под пченица ќе бидат засеани околу 17.000 хектари, додека 6.000 хектари ќе бидат засеани со јачмен. Инаку веќе заврши сеидбата на маслодајна репка на вкупно 2.500 хектари, а сега се врши собирање на годинашниот род на пченката и сончогледот.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.