ПОЧНА ВАКЦИНИРАЊЕТО СО СИНОВАК: Вакцината се препорачува и за доилки и трудници
Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2021 12:40
Министерството за
здравство информира дека во вакциналните пунктови низ државата од
денеска почна да се аплицира вакцината на кинескиот производител „Синовак“,
откако истата ги помина сите потребни законски процедури.
Вакцинацијата со „Синовак“ се одвива скоро во цела држава, освен во Скопје и Битола, каде имунизацијата со оваа вакцина ќе започне од утре. Станува збор за класична вакцина каде е инјектиран ослабен вирус односно технологија за добивање вакцини која се користи децении и е многу позната, па оттука и разбирливо е што широката популација ја доживува како една од најбезбедните платформи за производство на вакцини. Во однос на возраста на којашто се дава, вакцината „Синовак“ нема ограничување во Кина и се аплицира и кај деца над 3 годишна возраст. Оваа вакцина кај нас ќе се користи над 18 години и без ограничување на возраста кај возрасните лица. Вакцината „Синовак“ се препорачува и за доилки и трудници, информира Министерството за здравство.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




