ПОЧНА ВОЈНАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ - СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ПРАШУВААТ - „Дали Неделков зема плата од 68.918 денари?“
Објавено во: Македонија 18 Април, 2022 12:22
Како што и се очекува, почна „војна на социјалните мрежи“ поврзана со штрајкот на професорите, наставниците и воспитувачките, организиран од СОНК и нивниот лидер Јаким Неделков.
Пратеникот од редовите на СДСМ, Ненад Коциќ на социјалните мрежи објави прашање: Дали е точно дека Јаким Неделков од СОНК зема плата од 68.918 денари?
Коциќ ова го поставува како прашална форма, споделувајќи на фејсбук пост на извесен профил „Крушка“, кој вели „СОНК на чело со Јаким Неделков не го прифати покачувањето од 10 отсто за образованието. Неделков има официјална плата од 68.918 денари... Другите професори нека си мислат дека тој се бори за нивните права“, пишува порталот Крушка.
И редица други социјалдемокрти го споделуваат овој податок, без да прикажат некаква официјална поткрепа, од што и ние се оградуваме.
Јаким Неделков, пак, засега на Фејсбук се нема огласено во врска со оваа провокација.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




