18 Декември, 2025
0.0556

ПОЧНАА РАБОТИТЕ НА ПРВАТА ДЕЛНИЦА „ГРАДСКИ ВОЗ“: Потегот Зелениково - Драчево - Лисиче - Кисела Вода - Аеродром - Нова железничка ќе биде готов за 6 месеци

Објавено во: Економија 24 Октомври, 2025 13:33

Добивај вести на Viber

Почнаа работите на првата делница од проектот „Градски воз“, Зелениково - Драчево - Лисиче - Кисела Вода - Аеродром - Нова железничка, и треба да биде готова за шест месеци, односно на неа да почне да се сообраќа од почетокот на следното лето. Делови од брзата пруга што треба да почне да се гради, пак, би се користеле во 2028 година, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

- Идејата на проектот „Градски воз" е постојаната железничка инфраструктура да се реконструира, да се реновира, да се крене на едно друго ниво и да се користи за градски сообраќај. Во Скопје има развиен систем скоро како детелина. Веќе на првата делница, која што оди Зелениково - Драчево - Лисиче - Кисела Вода - Аеродром - Нова железничка, почна да се работи овие денови. Следната година ќе ги работиме другите две лини, за да ја донесеме во инфраструктурна состојба, таа да може да се користи интензивно и често и после тоа да се воспостави еден редовен сообраќај. Првата линија ќе биде готова за шест месеци, што значи дека некаде следното лето на првата линија ќе функционира градскиот воз, рече Николоски, во денешното гостување во Радио Лидер. 
 
Како што соопшти Министерството за транспорт, вицепремиерот Николоски информирал и дека се преговара со Европската банка за обнова и развој за набавка најпрвин на нови локомотиви, а потоа и на нови вагони.
 
- Во однос на брзата пруга истакна дека е започнато да се изготвуваат физибилити студиите, градежните работи на терен да започнат следната година и да биде завршена за пет години, со тоа што делови од брзата пруга би се користеле во 2028 година, се вели во соопштението.

Николоски во рамки на работната посета на Обединетото Кралство завчера на средба со претставници на Националната агенција за извозно финансирање - УКЕФ посебен фокус  во разговорите ставил на изградба на брзата пруга како проект од национално и регионално значење што се реализира со огромна поддршка на Обединетото Кралство преку финансиска поддршка како и пренесување на експертско знаење и практики. 

Премиерот Христијан Мицкоски на 14. месецов изјави дека има интерес од страна на банките за финансирање на брзата пруга и оти следната есен се очекува да почне реализацијата на тој проект.

- Имавме информација преку Министерството за финансии во која имаме необрзувачки индикативна понуда која во моментот ја разгледуваме. Донесена е одлука за избор на необврзувачка индикативна понуда и во периодот кој ќе следи ќе се влезе во суштината на преговорите, договор итн., рече Мицкоски на новинарско прашање.

Условите кои првично ги добивме, посочи, се исклучително поволни и никогаш не би можеле да ги добиеме доколку не беше гаранцијата од Обединетото Кралство.

- Во овој момент работите одат во насока во која треба да одат, како што ги планиравме. Министерството за транспорт прави физибилити студија и студија за оценка на животната средина. Тоа е процес кој трае 270 дена и треба да заврши во мај, јуни. Потоа ќе се влезе во избор на конкурентен дијалог за изведувач на проектот и очекуваме во октомври, ноември, следната есен да почне реализацијата на овој проект, информираше Мицкоски.


Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје