Почнува изградбата на висококатниците во Аеродром
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2012 10:26
Во општина Аеродром денеска започнува изградбата на кулите и трговскиот центар на „Џевахир холдинг“, инвестиција вредна 100 милиони евра. Ќе се гради станбен комплекс од четири висококатници со 42 ката во кој ќе живеат 5.000 луѓе и објект што ќе претставува деловен и трговски центар.
- Ова е инвестиција на која подолг период работевме, подолг период имавме контакти, но по завршената презентација од наша страна на условите за водење бизнис, ниските даноци, можностите за купување градежно земјиште по многу ниска цена, намалените бирократски процедури од страна на Владата за добивање градежни дозволи, како и севкупниот наш ангажман и посветеност, сопственикот на компанијата донесе конечна одлука да инвестира, рече премиерот Никола Груевски.
Според него, се очекува новиот проект да има големо влијание во градежниот сектор, со оглед што во рамките на новите објекти ќе има многу станови. Според предвиденото, четирите висококатници ќе бидат и највисоките згради во земјава.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат
Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“
Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво





