16 Декември, 2025
0.0449

Почнува продажбата на станови од „Белград на вода“

Објавено во: Балкан 13 Март, 2015 11:08

Добивај вести на Viber

Продажбата на станови во првите станбени кули на „Белград на вода“ ќе започне следната недела, објави во Кан градоначалникот на српската престолнина Синиша Мали.

„Од понеделник секој граѓанин кој е заинтересиран ќе може преку веб страната на „Белград на вода“ да ги добие сите информации во врска со продажба на станови, а исто така, следната недела ќе ги објавиме сите детали и во медиумите, изјавил Мали пред новинарите на Меѓународниот саем на недвижности (MIPIM) во Кан.

Според неговите зборови, продажбата на станови во првите две кули започнува во понеделник, а потоа оди објаввата за идејно решение на хотел со пет ѕвездички, кој ќе „допридонесе за убавината на овој дел од градот.“

Мали, член на Управниот одбор на „Eagle Hills“ која го гради „Белград на вода“, Мохамед Алабар, и главниот архитект на кулата Белград Џорџ Ефстатиу, на штандот на компанијата разговарале со голем број на заинтересирани страни.

Алабар, говорејќи пред новинарите на српските медиуми кои го придружуваат овој саем, рекол дека  „Eagle Hills “ се подготвува да започне со изградба на станбените кули летово, како и дека другите објекти и трговски центар се во процесот на дизајнерско решение.

Според него, градовите на денешницата, за да преживеат и да напредуваат, мора да имаат мешавина која го прави животот, тоа е животот на улиците, во парковите, канцеларии, трговски центри.

„Ако сакате да го направите тој спој, мора да се осигурате дека постои хармонија помеѓу овие елементи, и дека сè мора да се вклопи во културата на градот во кој ќе се изгради.“

Коментари на странците за Белград се дека ова е еден од најдобрите градови за живеење и работа. Белград станува регионален центар, побрзо отколку што се мислеше, а тоа ќе биде добар пример за другите градови кои ќе може да го следат истакнал Алабар.

Макетата на две станбени згради, која е изложена на саемот на MIPIM, следната недела ќе биде изложена во галеријата BW , во Караѓорѓевата улица во Белград.

Дизајнерот на кулите никогаш не бил во Белград

Џорџ Ефстатиу, главниот дизајнер на кулата Белград, кој меѓу другото, ја градел и кулата Бурџ Калифа кула во Дубаи, изјавил дека никогаш не бил во Белград, но секој пат кога нешто дизајнира, прво се занимава со општата слика, а во следната фаза размислува за културни елементи во градот во кој гради.

„Нашите објекти од целиот свет стануваат симболи на градовите во кои тие биле изградени, како што е изградбата на Џон Хенкок во Чикаго и Бурџ Калифа во Дубаи“, рекол Ефстатиу.

Тој истакнал дека е горд на она што во тимот има и Белграѓанка, која се занимава со внатрешен дизајн и која освојувала награди во целиот свет. „Тааа работела, и на дизајнот на ентериерот на Бурџ Калифа. Возбудени сме што сега работиме и во Белград. Оваа кула ќе биде нашето бебе, нешто на што сите ќе бидеме горди“, заклучил Ефстатиу.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени