16 Декември, 2025
0.0552

Под лупа сите што ќе заминат да се борат на Блискиот Исток – ЕУ му става крај на џихадот?

Објавено во: Свет 09 Јули, 2014 11:50

Добивај вести на Viber

Министрите од земјите-членки на Европската унија усвоија акциски план за да се справат со зголемената закана за националната безбедност, предизвикана од џихадистите кои се враќаат од Сирија, Ирак и Блискиот Исток воопшто, објави координаторот за борба против тероризам на ЕУ Жил де Кершов.

Серијата мерки вчера биле усвоени во Милано од министрите за внатрешни работи на Белгија, Велика Британија, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија и Шведска.

„Деталите од планот остануваат доверливи и ќе им бидат предложени на останатите земји-членки на Унијата на следниот состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ во октомрви“, најави Кершов.

Според него, неодамнешните случувања во Ирак ја зголемиле потребата итно да се реагира, со оглед на тоа што создавањето на т.н. Исламска република се очекува да се покаже како магнет за европските џихадисти.

ЕУ уште претходно годинава предупреди дека бројот на млади европски муслимани кои се приклучуваат на екстремистичките групи во Сирија, но и земји како Сомалија и Судан, постојано се зголемува. Стравувањата е дека тие ќе се вратат дома радикализирани и добро обучени за употреба на оружје и герилски тактики, со што ќе претставуваат безбедносен ризик.

Иако деталите од новиот план не се обелоденуваат, сепак се претпоставува дека тој вклучува активности за идентификација на оние што се подготвени да заминат во џихад, отежнување на нивното заминување и олеснување на процесот на нивно следење по враќањето, што на европските власти ќе им овозможи да ги уапсат доколку е потребно.

Една од мерките што веројатно ќе се користат притоа е размена на информации преку Шенгенскиот систем за информирање (СИС), при што во базата на податоци ќе се приклучат и земји кои не се членки на Шенген како Велика Британија и Ирска.

Кершов најавува дека ЕУ ќе оди по тенка линија меѓу обезбедување на сигурноста и прекршување на граѓанските слободи, а проблем би можел да се појави во дефинирањето на кривичните дела за кои еден обучен џихадист би можел да биде приведен и обвинет.

Францускиот министер за внатрешни работи се очекува уште денеска да претстави предлог-закон за борба против тероризмот, со кој со конфискација на пасоши, забрани за меѓународни патувања и меѓународни налози за апсење ќе се обесхрабруваат младите музлимани да заминуваат во џихад.

Холандските власти веќе најавија дека ќе го запленуваат пасошот на граѓани за кои се верува дека сакаат да одат да се борат на Блискиот Исток. Повеќе од 2.000 Европејци се верува дека заминале во борбите во Сирија, а некои од нив веќе и се враќаат од боиштата.

„Тоа не значи дека сите тие имаат намера да извршувааат напади, но некои од нив ќе го направат тоа“, вели Кершов.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“