18 Декември, 2025
0.1075

Податоците како предуслов за меѓународна конкурентност - МАСИТ успешно за реализираше 16тата годишна конференција

Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2019 14:00

Добивај вести на Viber

Денес (31.10.2019 година) се одржа 16тата конференција на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ со темата - DATA AS AN ASSET.

Поттикнати од аспирациите на македонските ИКТ компании да станат поконкурентни на европскиот и светскиот пазар, како и од прогресивни извозни волумени на ИКТ индустријата, ИКТ Комората МАСИТ панелите и дискусиите ги насочи кон една особено важна и пресудна тема: податоци. Според заклучоците од дискусиите, податоците мора да лежат во срцето на сите процеси на одлучување и да бидат третирани како инструмент на доверба. Емпириски, компаниите кои носат одлуки базирани на податоци, добиени преку навремени истражувања се докажано поуспешни во своето работење па оттука, податоците се главен критичен фактор за успех.

Конференцијата ја отвори г-ѓа Анета Антова Пешева, Претседател на УО на МАСИТ која во воведниот панел во рамки на своето обраќање изјави: “ИКТ индустријата е најбрзорастечка, самостојна, без никакви субвенции и помош, со млад кадар кој рамо до рамо се развива со светските трендови. Затоа предлагам, да ги слушнеме денес експертите од оваа широка област која ќе биде иднината на светот. Со ова уште еднаш ќе потврдиме дека навистина не сме само сервис на стопанството, како што не третираат со години, туку дека ние сме ‘рбетот на стопанството и без нас економските процеси се невозможни. Кога ќе го разберат тоа креаторите на економските политики во државава, ќе тргнеме сите напред.”

Во рамки на воведното обраќање исто така се обрати г-дин Дамјан Манчевски /  Министерот за информатичко општество и администрација кој во воведното обраќање изјави: “Со пуштање во употреба на Регистарот на население, а многу скоро и Националниот портал за е-услуги, државата обезбедува едно повисоко ниво на пристап до податоците на граѓаните од една страна и посебна заштита на личните податоци од друга. Регистарот на население овозможува собирање на податоци за физички лица и нивно користење од страна на надлежните институции за потребите на нивните управни постапки. Регистарот им овозможува на институциите кои работат со личните податоци на граѓаните, тука да ги најдат најновите и најпрецизни податоци за граѓаните без потреба од рачно одржување и ажурирање.”

Г-дин Стефан Томаџан - Заменик шеф на мисија на Амбасадата на Швајцарија истакна: „Швајцарската агенција за поддршка и развој, преку проектот Зголемување на пазарната вработливост- ИМЕ, ќе соработува со компаниите од областа на Информатичките технологии да ги надминат предизвиците со кои се соочуваат, пред се постојаната потреба од адекватен кадар и задржување на вработените. За да се надминат овие состојби секторот ќе треба да инвестира во: професионализација на кадарот, развој на секторска стратегија, посебно во идентификување на пазарите, понуда на нови - иновативни продукти, да го спроведе процесот на дигитализација и да го продолжи дијалогот со владините институции за прилагодување на постојните политики кон потребите на пазарот. “

Во дискусиите се говореше и за Big Data & Analytics, Business Intelligence, Business analysis, Business development, Machine Learning, Artificial Intelligence, Robotics, Smart Home, Internet of things. На конференцијата присуствуваa повеќе од 200 претставници од домашните и странските ИКТ компании и компании од други сектори, како и претставници од државни институции и министерства, претставници на донаторската и меѓународна дипломатска заедница, академски претставници од ИКТ научната област медиуми и други.

Конференцијата беше организирана од страна на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, поддржана од страна на ИМЕ - Проектот за зголемување на пазарната вработливост финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементиран од страна на Паладиум. Конференцијата е спонзорирана од Oracle, Asseco SEE & Payten, Datamasters, Neocom, Pixel, Endava, Semos, КБ Прво пензиско друштво, Прокредит Банка, Poly и Бреинстер.



Можеби ќе ве интересира

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!