Поддршка од 700 милиони евра во следните пет години за земјоделството
Објавено во: Агробизнис 12 Октомври, 2012 15:51
Ќе се зголеми степенот на додадена вредност во земјоделството, квалитетот и продуктивноста, ова е стратешката насока на најновата програма за субвенционирање што се носи за следните пет години, а предвидува вкупно 700 милиони евра поддршка.Според вицепремиерот Пешевски оваа поддршка во наредниот период ќе се фокусира и на руралниот развој, особено на инфраструктурата.
- Добро е позната владината политика за поддршка на земјоделството. Веќе најавивме дека следната програма се проектира на пет години. Разгледуваме документ со кој ќе биде дефиниран начинот за распределба на околу 700 милиони евра што како субвенции ќе ги добијат земјоделците. Промените ќе одат во насока на зголемување на поддршката за стимулирање на квалитетот и продуктивноста, но и на руралниот развој, односно инфраструктурата, истакна Пешевски.
Нашите земјоделци се познати како вредни работници кои прават квалитетни производи. Затоа и треба да им се овозможат дополнителни услови, соодветни патишта и системи за наводнување,современи агротехнички мерки и квалитетни ѓубрива, изјави Пешевски на работна средба со Димовски околу додефинирање на програмата.
- Министерството во изминатиот период презема крупни чекори околу подготовката на материјалот. По додефинирање на програмата која е веќе во завршна фаза, ќе следи јавна дебата. Текстот веќе беше на разгледување пред Советот за земјоделство и рурален развој при МЗШВ од каде добивме одредени препораки што веќе се вградени во содржината, истакна министерот Димовски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





