Поддршка за Арсовска стигна и од поранешната европратеничка и претседателка на ЕПП, Дорис Пак
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2021
Дорис Пак, претседателка на асоцијацијата на жени во Европската народна партија (ЕПП) и поранешна европратеничка, преку видео порака објавена на официјалната facebook страница на кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, ја изрази својата поддршка за Арсовска како иден градоначалник на Град Скопје, затоа што, како што изјавува, Скопје заслужува да добие жена за градоначалник, професионалец и докажан менаџер.
На објавата на социјалната мрежа, Арсовска истакна дека поддршката од таква силна и моќна жена, доаѓа како резултат на нејзините заложби и визии Скопје да биде европски, модерен и современ град.
Исто така, Данела Арсовска потенцираше и дека женската солидарност, како посебен феномен е од важно значење за правилно развивање на општеството во сите негови сфери.