Поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ се мобилизираа - собири имаше во повеќе градови
Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2017
Поддржувачите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ вечерва се собираа во повеќе градови во Македонија.
Собири има во Битола, Охрид, Струга, Вевчани, Скопје, Кавадарци, Прилеп, Берово и други градови.
„Тргаме во офанзива, нападната ни е татковината, Македонија треба да се брани. Следува бурен период, пролет со многу енергија и борба за ВМРО и Македонија. Ќе победиме“ – порачаа од партијата.
Претходно, лидерот на партијата, Никола Груевски најави дека доколку СДСМ и ДУИ се договорат за влада, ќе има тензии.
Инаку вечерва заседава Извршниот комитет на партијата. Тие ќе одлучат што понатаму, како ќе делуваат по најновите случувања, но при тоа ќе водат сметка за волјата на народот. За понатаму рекоа дека ќе ги искористат сите демократски механизми.