ПОДГОТВЕТЕ ПАЛТА ЗА СТУДЕНИТЕ УТРА: Попоски вели наутро ќе биде доста свежо, некаде и под 10 степени!
Објавено во: Македонија 27 Јули, 2023 06:19
Метеорологот Славчо Попоски, објави дека во следните часови, поради продор на многу посвежа воздушна маса од север, кај нас во Македонија се очекува пад на температурите за околу 10 степени, понекаде дури и за повеќе од 10 степени, а а на повеќе места ќе дува и засилен ветер од северен правец (повремено со брзина од над 60 км/час).
„ Локално ќе има појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град.
Температурите како што кажавме ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени, а потоа во деновите од викендот тие повторно ќе бидат повисоки преку ден, но повеќе не се очекуваат екстремно високи температурите како што имавме до сега.
Мора да се напомене дека наутро ќе биде многу свежо со минимални температури кои понекаде ќе се спуштаат дури и под 10 степени, понекаде, особено во Беровскиот регион и до околу 5 степени.
Во Скопје исто така во следните часови ќе дува засилен ветер од северен правец, а температурата значително ќе се намали за околу 10 степени.
Како што беше најавено од наша страна, во Алскиот регион поради продорот на студен воздух од Арктикот, имаше и врнежи од снег и таму сега владее прекрасна снежна бајка, а температурите во некои делови се спуштаат и под нулата. Во делови од Алпскиот регион е формирана снежна покривка дури до 10 сантиметри. Снег заврна и на Кредарица во Словенија“ објави тој.
ФОТО: Метеоаларм
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




