ФАКТОР НА ДЕНОТ: Притвор за Груби и Бајрами, ќе ги бараат со потерница
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2024
ОДРЕДЕН Е ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА ЗА ГРУБИ И БАЈРАМИ
ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНИ ЗА ОСУМ ЛИЦА
Полицијата поднесе кривични пријави против осум лица.На 13 декември годинава, од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и корупција-Сектор за криминалистички истраги-Единица за корупција до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против осум лица: против П.Б. (31) за „злоупотреба на службената положба и овластување“ чл.353 ст.4, „примање поткуп“ чл.357 ст.4 и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ предвидено и казниво по чл. 275-в ст.3 од КЗ, против А.Г. (47) од Скопје за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“чл. 275-в ст.3 в.в. член 24, против Д.К. (50) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, против М.Д. (58) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, против В.П. (41) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4 и продолжено кривично дело „примање поткуп“ предвидено и казниво по чл.357 ст.1 в.в. чл.45, против А.А. (36) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4, против Н.Х. (52) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4 и кривично дело „примање поткуп“ предвидено и казниво по чл.357 ст.1 и против М.З. (38) од Тетово за „злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено и казниво по чл.353 ст.4.
АХМЕТИ ОТИДЕ НА КОСОВОПретседателот на ДУИ, Али Ахмети по посетата на Косово на социјалните мрежи објави дека денеска во Приштина се сретнал со неколку политичари со кои разговарал за Косово, регионот и заедничката евроатлантска иднина.
„На Косово му требаат пријатели и сојузници и единствено решение е меѓусебното признавање, но тоа може да се постигне само со прогресивни политики и посветеност на иднината. Мојата поддршка за Косово никогаш нема да изостане. Ви благодариме за гостопримството браќа“, пишува Ахмети.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Приказната раскажана за Фактор е лична исповед на Емилија за животот по трансплантацијата, но и од перспективата на врвниот кардиохирургБританската Hydrogen Utopia International PLC ќе гради фабрика за производство на енергетско гориво водород од нерециклирачки мешан отпад од пластика, а регионалните бизнис медиуми пред неколку дена објавија дека нејзината подружница, HUI2021 International UK Limited склучила договор за услуги и менаџирање со ТФ Капитал.
Поради иселувањето во странство или одењето на привремена работа надвор од границите на Македонија, граѓаните имаат потреба да ги преведуваат своите документи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.