Подигнати за анализа човечки черепи од „Череп“
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2016
Основното јавно обвинителство Гостивар денеска ги подигна сите човечки остатоци од пештерата „Череп“, лоцирана помеѓу кичевските селата Тајмиште и Бачишта.
Од ова место во септември, беа подигнати околу 19, а денеска уште 40-тина черепи и други остатоци.
Остатоците се пренесени на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје, каде ќе биде извршена нивна обработка.
Основното јавно обвинителство Гостивар ќе ја информира јавноста за сите детали кои ќе бидат утврдени со анализата.