16 Декември, 2025
0.0626

Подигнато обвинение за нарачано убиство на Немцов за петмината осомничени

Објавено во: Свет 31 Март, 2015 21:25

Добивај вести на Viber

На петмината осомничени кои беа уапсени по убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов, им беа покренати обвиненија за вршење на нарачано убиство, соопшти московскиот суд.

Петмината мажи потекнуваат од руските републики Чеченија и Ингушетија, и се обвинети по член 105 од рускиот Кривичен законик, што значи дека истрагата се насочува кон верзија за нарачано убиство.

Поранешниот вицепремиер и политички противник на претседателот Путин, Борис Немцов беше застрелан во ноќта на 27 наспроти 28 февруари во центарот на Москва до Кремљ додека се враќал дома со неговата девојка.

Во неделата по нападот руските власти уапсија петмина мажи. Главниот осомничен, е поранешниот полицаец Заур Дадаев, одкако се изјаснил за виновен, а потоа се откажа од признанијата и рекол дека неговото признание било изнудено со мачење.

Другите четворица осомничени се изјасниле дека се невини. Рускиот „Комерсант“ вчера пишуваше дека рускиот комитет го идентификувал мажот кој им обезбедил на извршителите на убиството оружје и автомобил.

Според весникот мажот, чиј идентитет не се открива, ветил по 5 милиони рубљи (околу 80 000 евра) на секој учесник.

Можеби ќе ве интересира

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?