ПОДНЕСЕНИ 25 КРИВИЧНИ ЗА ПОЖАРИ НА ОТВОРЕНО: МВР користи дронови за да ги следи шумските појаси
Објавено во: Македонија 18 Август, 2025 15:57
Министерството за внатрешни работи известува дека од 01.04.2025 до 18.08.2025 година, во врска со пожари на отворен простор приведени се вкупно 39 лица, а по преземени мерки поднесени се 25 кривични пријави.
„Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност. Воедно известуваме дека од 01.07.2025 година, откако е воведена забрана за движење во шуми, до 30.07.2025 без писмено одобрение за движење во шума, биле затекнати 22 лица. Против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по Закон за шуми“, стои во соопштението на МВР.
За рана превенција од пожари, полициските служби употребуваат дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата.
„Со воведувањето на овие оперативни мерки зголемена е ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, како и детектирањето на можните причини или причинители на истите“, велат од МВР
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




