05 Декември, 2025
0.0627

Подравка атакува на Алкалоид, воздржаност во скопската фармација!

Објавено во: Економија 20 Декември, 2012 08:01

Добивај вести на Viber

Една од најголемите хрватски прехранбени компании, Подравка, планира аквизиции на Балканот, меѓу кои и фармацевтската компанија Алкалоид во Македонија, објавува Хрватски “Пословни дневник“. Од Алкалоид за Фактор велат дека ќе се воздржат од коментар Хрватска Подравка, втората по големина прехранбена компанија во оваа земја го мерка македонски Алкалоид, објави хрватскиот весник “Пословни дневник“. Според информациите, Подравка планира аквизиции во земјите од регионот за што е подготвена да плати околу 200 милиони евра. Оваа информација ја презеде и “Блумберг бизнисвик“  кој цитира дека покрај Алкалоид, Подравка сака да ги купи и српските компании Алева и Бамби Банат, попозната по брендот Плазма. Претседателот на Управниот одбор на Подравка, Звонимир Мршиќ, потврдува дека за денес е закажана седница на Надзорниот одбор на компанијата без да прецизира дали се точни плановите за преземање на Алкалоид, Бамби, Алеа... На утрешната седница треба да се донесе планот за работа за 2013 година, но и петгодишната стратегија во која Подравка ги проектира приходите на дури пет милијарди куни (близу 700 милиони евра). “Зголемувањето на моменталните приходи од околу 3,7 милијарди куни за нови 1,5 милијарди куни до 2017 година, е можно само преку аквизиции. Според неофицијалните информации, Подравка планира 15 аквизиции, главно во регионот. Најверојатно можат да се обноват и преговорите за стратешкото поврзување со македонската фармацевтска компанија Алкалоид, кои се водеа и во текот на 2011 година. Неофицијалните информации покажуваат  и дека најверојатно Подравка цели и на компании кои се занимаваат со производство на храна за деца, а на мета е и српска Бамби, за која компанијата се интересираше неколкупати до сега. Преговорите со сопственикот на Бамби, Салфорд, пропаднаа пред неколку години поради превисоката цена“, објави “Пословни дневник“. Од Алкалоид за Фактор велат дека за сега немаат коментар. Ваквите информации Подравка експресно ги демантираше на Загребската берза, оквалификувајќи ги како шпекулации, но со дополнение дека се ќе биде појасно денес, по седницата на надзорниот одбор. Инаку, Алкалоид е присутен на хрватскиот пазар со децении преку своите брендови како Бекутан, кафетин... Само Бекутан е препознатлив за хрватските потрошувачи речиси 30 годиони. Во конкуренција од 1.000 домашни и странски брендови, македонскиот бренд Бекутан беше избран за супербренд на хрватскиот пазар за 2009 година. К.П.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“