Добивај вести на Viber
Во Србија, деновиве се очекува поевтинување на месото и месните преработки. Дел од поголемите српки кланици и месни индустрии, најавија дека веќе од понеделник месото и месните преработки ќе ги продаваат по пониски цени. Така килограм свински бут наместо 5,8 евра, сега ќе чини 5,2 евра, а килограм свински врат и кртина наместо 5,4 евра со новото поевтинување ќе чини 4,7 евра. Дел од српките месни индустрии од почетокот на месецот ги имаат намалено и цените на сувомеснатите производи.
-Ги намаливме и цените на јунешкото месо, а веќе од понеделник ќе го поевтиниме и пилешкото месо. Засега било која промена на цените на месото, ќе оди само во правец на намалување, изјави за српскиот весник “Вечерње новости”, Милијана Бандиќ, раководител на секторот за маркетинг во месната индустрија “Матијевич”
Според проценките на српските месни индустрии, продажбата на месото во последниот период е драстично намалена, а најмногу се продава само она месо чија што цена во некои денови е на акција. Свежото месо во Србија од почетокот на летото поскапе за повеќе од 30 отсто, што придонесе и за намалување на продажбата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: