ПОЕВТИНО Е ДА СЕ ЖИВЕЕ ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ ОТКОЛКУ ВО СКОПЈЕ: Женева и Цирих се најскапи
Објавено во: Економија 09 Август, 2024
Најевтини за живеење се пакистанските градови Карачи и Лахоре, како и индскиот Калкута.
Онлајн базата на податоци Numbeo го објави индексот на трошоците на животот за првата половина од годинава.
Компанијата со база на податоци ги разгледа факторите како што се цената на намирниците, оброците во рестораните, трошоците за изнајмување.
Како најскапи градови се посочуваат швајцарските Женева и Цирих, а во првите 5 се американските градови Њујорк, Сан Франциско и Бостон.
Рејкјавик, главниот град на Исланд, е на шестото место, а на рангирањето до 10 се американските градови Вашингтон, Сиетл, Лос Анџелес и Чикаго.
На листата на која се рангирани 218 градови, Скопје се наоѓа на 160 место според трошоците за живот.
Во споредба со земјите од регионот, поевтин е животот во Приштина, Косово (195 место) и Ниш, Србија (165).
Aтина е на 91 место на листата на најскапи градови, Љубљана на 96 и Загреб на 107 место.
Зад нив е Тирана , град кој се најде на 114 место на листата. Понатаму е Белград на 127 место, Софија 132, Подгорица 143, Aнкара 145, Сараево 148.
Според листата, поевтино е да се живее во Санкт Петербург во Русија кој се наоѓа на 162 место, отколку во Скопје.
Константно градовите во Швајцарија се најскапи за живот.