Поевтинуваат горивата
Објавено во: Економија 12 Август, 2013 14:19
Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 денари, а дизелот за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81 денар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 82,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 69,50 денари. За половина денар се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое ќе чини 58 денари.
Намалувањето, пак, на малопродажната цена на мазутот М-1 НС е за 0,297 денари. Цената на килограм од тој енергенс ќе изнесува 41,410 денари.
РКЕ ја донесе одлуката за намалување на цената на нафтените деривати врз основа на просечната цена на нафтата на светските пазари и курсот на денарот во однос на доларот
Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




