16 Декември, 2025
0.0492

Погледнете кој е најбогатиот косовски политичар

Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2014 18:45

Добивај вести на Viber

Косовскиот политичар кој стана познат со бизнисот во Швајцарија, вицепремиеротр и лидер на партијата Алијанса за Ново Косово Беџет Пацоли, и понатаму останува најбогатата личност во Косово. Тој  во даночна пријава прикажал богатство вредно 176 милиони евра,  пишува приштинскиот весник „Зери“ во написот под наслов „Богати колку државата“.

Пацоли е сопственик на компанијата „Мабетекс“, со седиште во Швајцарија, но бизнисот го има проширено и во неколку земји на Блискиот Исток. Тој е еден од најбогатите Албанци во светот и е поранешен сопруг на италијанската пејачка, со албанско потекло, Ана Окса.

Втор на листата е пратеникот од Алијансата за индината на Косово, Рамиз Келменди, инаку сопственик на синџирот супермаркети „ЕТЦ“, со пријавено богатство од 56 милиони евра. Пратениците Хашим Дешишку и Флорин Красниќи, се наоѓаат на трето, односно четврто место со богатство од 13, односно 10 милиони евра.

Во споредба со нив премиерот Хашим Тачи е многу „посиромав“. Тој, според „Зери“, пријавил дека поседува земјиште за иградба на куќа во вредност од 157 илјади евра, куќа во градба во вредност од 220 илјади евра, 180 илјади евра земјоделска површина, 80 илјади евра куќа, 13 илјади евра автомобил и 22 илјади евра депозит во банка.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени