Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал.
Походот на Вагнер кон Москва не ја вознемири берзата
Објавено во: Мои пари 28 Јуни, 2023
Инфлацијата и монетарната политика одиграа клучна улога на финансиските пазари минатата недела.Инвеститорите повторно беа донекаде исплашени од најавата за поагресивни монетарни политики од страна на централните банкари, а доста централни банки, вклучително и англиската, швајцарската и норвешката, дополнително ги зголемија каматните стапки.
На берзите, американските автомобилски акции беа под лупа минатата недела, бидејќи се случи пробив на пазарот за електрични возила, односно електрични станици за полнење.Индустриските гиганти Форд и Џенерал Моторс ќе можат да ги полнат своите хибридни и електрични модели во мрежата што ја нуди компанијата Тесла, според договорот за партнерство.
Во Кина, сè уште се работи на поттикнување на економијата по укинувањето на ограничувањата од Ковид. Минатата недела ја намалија основната каматна стапка за 10 базични поени, но аналитичарите велат дека тоа не е доволно за oживување на економскиот раст.Во преден план остануваат односите меѓу САД и Кина, но според оценката на Бајден тие се движат во вистинска насока, бидејќи дводневната посета на американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен на Пекинг ја оцени како исклучително успешна.
Крајот на неделата ја одбележа веста за обид за бунт на платеничката воена група Вагнер против руската воена команда. Веста за бунтот првично предвидуваше промени на берзите и на пазарот со суровини и стоки, но предвидувањата пропаднаа со ненадејниот крај.Во фондовите од Generali Investments немаме изложеност кон Русија, така што сегашните настани не претставуваат ризик.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.