Покрената иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“
Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2017 11:48
Група граѓански активисти покренаа иницијатива за спасување на Попова Шапка како еден убав планински бисер.
Во продолжение ви ја пренесуваме иницијативата целосно:
„Свесни сме дека живееме во една природна убавина како што е Шар Планина која што го допира и нашиот град. Свесни сме за здравственото, еколошкото, туристичкото и економско значење кое го поседува Попова Шапка.
Загрижени од несовесноста,неодржливоста, заборавените инвестиции, уривање на едне од најпознатите рекреативни места од бивша Југославија, и тоа од самите локални и државни институции.
Ние граѓаните со чиста совест, кои сакаме Попова Шапка да ја гледаме што подобро, по чиста, уредена по сите стандарди, поискористена во еколошки туристички рекреативен спортски аспект. Со една иницијатива му се спротивставуваме на секое лошо што му се случува на овој туристички центар.
Собрани под граѓанската иницијатива со мотото „Да ја спасиме Попoва Шапка“ ја изразуваме нашата загриженост за уништување на туристичкиот центар во овие 15 години, оставајки го без ниту една инвестиција, без никаква инфраструктура, без одржување, без никаков конкретен проект, во смисла без никакво модернизирање на туристичките капацитети.
Попова Шапка е претворена во трпеза каде што не се знае кој јаде и кој пие, претворена е во место каде секој го прави тоа што го сака и мисли, краде колку што може, вработува и остранува од работа кој кого сака, ја искористуваат максимално, и без да се превземе иницијатива за да се обновува, чисти, да биде привлечна и профитабилна, од здравствен, спортски, туристички и економски аспект.
Нашите активности ќе бидат најразлични, почнувајки од оваа прва Прес Конференција за јавност, продолжувајки со следни собири и состаноци со граѓаните.
Ги повикуваме сите граѓани, интелектуалци, правници, економисти, експерти за туризам да ни се придружат и да ни дадат поддршка на спасување преку оваа иницијатива со мотото „Да ја спасиме Попова Шапка“.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




