ПОЛАРНИОТ ВРТЛОГ ОД СЕВЕР ЌЕ ГИ СИМНЕ ТЕМПЕРАТУРИТЕ НА БАЛКАНОТ ПОД -20: „Ќе има многу снег“, најавува Попоски
Објавено во: Македонија 03 Декември, 2023 08:02
Метеопрогнозерот
Славчо Попоски вели дека најновите анализи што ги направиле, и тоа со помош на
најпрецизните нумерички модели во светот укажуваат дека на Балканскиот Полуостров
му претсои многу активна зима, и тоа гледано по врнежите и по циклоните.
-Тоа значи дека претстојната зима кај нас ќе биде исполнета со врнежи од дожд и снег, а ќе има и чести снежни бајки, како на повисоките места и на планините, така и на пониските места (градовите). Дури можна е појава и на снежно невреме и натпросечни снежни врнежи во регионот, но и кај нас во Македонија. Овие врнежи особено се очекуваат во месеците јануари, февруари и март.
Што се однесува до температурите, тие би можеле да бидат малку над просекот, но секако дека очекуваме и чести продори на поларниот вртлог од север кој би условил екстремно ниски температури на воздухот (до околу, па дури и под -20 степени). Се на се, оние кои се лубители на снегот, оваа зима и тоа како ќе си дојдат на своето, наведува тој во најновата прогноза.
Потенцира и дека и најголемиот дел од Европскиот Континент ќе има зима богата со врнежи, што значи дека снегот нема воопшто да недостасува (односно ќе го има доста). Европа уште од сега се соочува со многу снегови и студ. Снежната покривка во Алпскиот регион веќе надминува и 100 сантиметри, а зимата не ни започнала.
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKIМожеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




