Полицијата ја уапси сопругата на Шахини од ДУИ кој беше ранет во Куманово
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2025 16:34
Сопругата на лекарот и носител на советничка листа на ДУИ, Зеќирија Шахини, кој вчера беше ранет со пиштол во центарот на Куманово, е уапсена, соопшти денеска полицијата. За тетовчанката А.А. има сомневања дека е вмешана во обидот за убиство на нејзиниот сопруг.
Маскиран човек со пиштол се доближи до неговиот автомобил и пукаше, ранувајќи го во ногата.
„На 07 октомври 2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско. Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес“, велат од полицијата.
Оттаму додаваат дека осомничениот за пукањето, 36-годишен гостиварец, е во бегство.
„По целосно документирање на случајот, против А.А ќе следува соодветна пријава, додека против Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и се уште е во бегство, по консултација со Основното јавно обвинителство, исто така ќе биде поднесена кривична пријава“, додаваат од полицијата.
Нападнатиот Шахини е носител на советничката листа на ДУИ во Липково на претстојните локални избори.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




