ПОЛИЦИЈАТА ОДБИВАЛА ДА ГО ПОДИГНЕ ВОЗИЛОТО: Герасимовски бара МВР да ги санкционира

Објавено во: Македонија 04 Април, 2025 12:17
Во однос на видеото коешто се шири по социјалните мрежи, градоначалникот Горан Герасимовски истакнува дека се крајно некоректни и манипулативни обидите од некои медиуми да се префрли одговорноста на Пајак службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ која професионално си ја врши работата.
„Отстранувањето на непрописно паркираните возила е по налог на службено овластено лице. Во случајов нашите вработени воопшто не го стопираат кревањето, туку едноставно чекаат налог од страна на службеното лице, полицаец. По добивање на истиот веднаш постапуваат и го креваат возилото. Тоа впрочем и го објаснува службеникот од ПОЦ во самото видео. Благодарност до екипите на ПОЦ кои неуморно работат на санкционирање на несовесни возачи. Ја поздравувам и активноста на граѓаните кои бараат санкционирање на сите оние коишто со своите возила ги блокираат улиците и велосипедските патеки во Центар. Истовремено, недозволиво е полициски службеник да не сака да си ја врши својата работа. Барам од МВР да ги санкционира полициските службеници кои не постапуваат при очигледни прекршоци. Недозволива е селективноста при казнување на граѓаните“, потенцира Герасимовски.
Можеби ќе ве интересира
ДО КАДЕ Е ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ? Над 250 лица ќе бидат сослушани, еве што открива Тошковски

АНА ПАВЛОВСКА ДАНЕВА ОТКРИ ДАЛИ ПОЛИТИКАТА ИМАЛА ВЛИЈАНИЕ ПРИ НЕЈЗИНИОТ ИЗБОР ЗА УСТАВЕН СУДИЈА: „Апсолутно секогаш имала влијание“

ЗА АДВОКАТОТ НА ПАЛЕВСКИ, ПОСТРАШНО Е ДА СЕ БРАНИ ПЕДОФИЛ ОТКОЛКУ УБИСТВО НА ДЕТЕ: „За мене е пострашна работа детето да остане живо и цел живот да има трауми од некој педофил што го нападнал“

„А САКАМ ДА ГИ СЛУШНАМ МОИТЕ СОГРАЃАНИ МАКЕДОНЦИ“: Османи сакал да молчи, на тој начин реагира на назначувањето на Богоевски

(ФОТО) Демолирана нова детска градинка во Бутел пред да биде отворена

„Кој е следен?“ протестираше пред Влада: Не е важно кои сме, туку што бараме!

Апасиев: Како е можно сите што му ја намалиле казната на Пајазити да бидат Албанци

Заменик-министерот Ристески: Ме касна куче, ама не земав пари

Инвеститор градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, им урна ѕид на станари, општината ги повика да тужат
