Полицијата пронашла ранец поврзан со убиството на извршниот директор на United Heltaker

Објавено во: Свет 07 Декември, 2024 14:33
Њујоршката полиција пронашла ранец во Централ парк за кој верува дека му припаѓа на осомничениот за убиството Брајан Томпсон, извршниот директор на United Healthcarе.
Ранецот е испратен на форензичко тестирање, додека истрагата продолжува трет ден, пишува CNN. Полицијата верува дека осомничениот го напуштил градот по убиството и бара од јавноста да помогне да се идентификува преку снимките од надзорните камери.
Според информациите, клучна трага би можела да биде видеото на осомничениот како се смее, како и физички докази како шише со вода и мобилен телефон пронајдени на местото на злосторството. Ранецот бил внимателно отстранет за да се зачуваат доказите како ДНК.
Полицијата смета дека осомничениот детално го испланирал делото, бидејќи знаел кога ќе помине жртвата и во кој хотел се одржува конференцијата.
Во средата наутро, напаѓачот се приближил до хотелот Хилтон, каде што Томпсон присуствувал на конференција и го застрелал во близина на зградата.
Полицијата соопшти дека напаѓачот продолжил да пука, а потоа побегнал во уличка, каде подоцна бил пронајден телефон поврзан со осомничениот.
Инспекторите веруваат дека напаѓачот користел посебен вид пиштол кој не е лесно достапен на пазарот.
На чаурите пронајдени на местото на настанот биле испишани зборовите „одбиј“, „брани“ и „отфрли“, велат полициски извори.
Можеби ќе ве интересира
АНТРАКС ВО РОМАНИЈА: Се огласи романскиот институт за воено-медицински истражувања

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СЕГА КОГА ТРАМП ГО ОДБИ ПУТИН? Оваа мелодрама може да има смртоносни последици

ПОВЕЌЕ НЕ Е ТЕШКО ДА СЕ ДОБИЕ ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Сè повеќе странци ги добиваат, еден град е омилен за населување

ДАЛИ ПАРТИЈАТА НА МАСК ИМА ШАНСА НА ИЗБОРИТЕ? Не би било прв пат да го изведе речиси невозможното

(ВИДЕО) МАЖ ПУКАЛ ВО НЕГО И ПОБЕГНАЛ: Убиен е украински разузнавач

ПОБЕДА ЗА УРСУЛА И ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА! Претседателката сепак ја доби довербата на Европскиот парламент

ИРАНЕЦ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ТРАМП: Повеќе не е безбеден да се сонча во својот луксузен дом на Флорида

Поради ограничувањата од САД: Вртоглав пад на профитот на Самсунг

Тврдеше дека Путин сака мир, сега го смени ставот: Трамп го губи трпението со рускиот лидер, зошто сега?
