Полицијата влезе во трагата на дојавувачите за поставени бомби
Објавено во: Македонија 21 Декември, 2022 18:04
За заканувачки пораки испратени во Делчево и Кавадарци, полицијата влезе во трага на дел од дојавувачите за поставени бомби, а опозицијата вели дека власта е неспособна.
Сепак, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски не открива дали имаат осомничени. Најавува дека истрагата ќе биде проширена, а безбедносните служби заеднички ќе ги зајакнат капацитетите за да можат да се одбранат од каков било хибриден напад. Опозицијата вели дека четири години владејачката коалиција не нашла решение за справување со хибридните закани.
Во Македонија со месеци има лажни дојави за бомби за училишта, институции, трговски центри. Истото се случува и во регионот. Црна Гора утврди дека момче од Чешка се заканувало со лажни дојави, а во Србија за дојавите е уапсено едно лице.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




