18 Декември, 2025
0.0439

ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 20 ЧАСОТ, КАФЕАНИТЕ ЗАТВОРААТ: Владата донесе одлука за нови рестриктивни мерки, ќе траат 14 дена

Објавено во: Македонија 05 Април, 2021 15:27

Добивај вести на Viber

Од утре стапуваат на сила нови рестриктивни мерки кои Владата денеска ги донесе на итна седница по укажувањата од страна на епидемиолозите за сериозната епидемиолошка слика во Македонија.

Премиерот Зоран Заев апелираше дека ова е момент кога треба да бидеме максимално одговорни, особено поради забрзаното ширење на британскиот сој, кој како што рече е многу побрзо пренослив и многу брзо по заразувањето создава потешки клинички слики кај пациентите.

-Анализата на епидемиолозите покажува дека британскиот сој во нашава земја се повеќе зема замав, освен што се пренесува побрзо, создава и многу потешки клинички слики за разлика од изминатиот период. Затоа Владата одлучи да воведе нови рестриктивни мерки, пред се за да не се комплицира дополнително епидемиолошката состојба пред престојните празници, како и во насока да се одморат здравствените работници. Прво, Владата одлучи полицискиот час да почнува од 20 часо до 5 часот изутрина, целосно се затвораат угостителските објекти, обложувалниците треба да направат шалтерски систем на уплата, се забрануваат секакви посети на места за вежбање, односно фитенс центри, и се забрануваат сите видови на обуки, семинари, конференции. Ограничување на движењето на граѓаните почнува од утре, на 6.април, додека сите станати мерки стапуваат на сила од 7. април и ќе важат до 20. април, истакна на прес-конференцијата премиерот Зоран заев.

Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека и покрај тоа што претходните мерки дадоа извесни резултати, односно ги стабилизираа бројките и не дозволија експоненцијален раст, сепак, епидемиолошката состојба во земјава е сериозна.

-Во последните недели евидентен е голем број позитивни случаи, како и зголемување на бројот на хоспитализираните. Во однос на клиничката слика пак, кај пациентите, би сакал да соопштам дека поради самата клиничка слика која е резулат на британскиот сој, хоспитализацијата трае подолго. Ако порано сметавме дека 14. ден пациентот е веќе излечен, сега се случува да имаме влошување на клиничката слика дури на 12. па и 14 ден од почетокот на заразувањето кај еден пациент. Влошувањето често се случува на белите дробови, па и покрај сите терапевтски третмани и лекување, дел од пациентите завршуваат со смртни последици. Затоа стапуваат на сила овие нови рестриктивни мерки, истакна Филипче

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери