Политичка партија го поздрави планот на Заев за „кратење“ на администрацијата
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2018 11:16
Либералната партија ја поздравува изјавата на премиерот Зоран Заев дадена пред бизнисмените од Стопанската комора, дека на дел од административците ќе им се заблагодари во 2019 година.
„Либералната партија посочува дека реформа во администрацијата е итно потребна за да се подобри животот на граѓаните и да се зголеми јавната доверба во државните институции. Државната администрација има премногу луѓе, но премалку на вистинско место со вистински вештини. Затоа процесот на систематизација на државната администрација е многу потребен.
Од досегашното ускуство се потврдува дека премиерот треба да им се заблагодари на повеќе од 50 проценти од административците (што впрочем е програмска определба на ЛП од 2016 година), и е прв чекор до целосна деполитизација на администрацијата. Образованиот професионален кадар кој ќе остане во неа ќе добие двојно поголеми плати, и на тој начин администрацијата ќе стане атрактивна за професионален кадар, на кој алудираше министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на Првата годишна конференција на Мрежата за управување со човечки ресурси.“, вели во соопштението на ЛП.
Премиерот Зоран Заев кажа дека на дел од јавната администрација ќе ѝ се заблагодарат, но дека ќе ѝ дадат можност да се преквалификува за да може да ја понудат во приватните компании.
Тој ова го кажа на презентација на буџетот за 2019 година во Стопанската комора, каде најави дека преку Агенцијата за вработување на компаниите ќе им понудат да ги земат дел од вработените во јавната администрација на преобука, а за тоа време додека трае обуката државата да обезбедува плати.
- Преку програмите на Агенцијата за вработување ќе им понудиме на приватните компании да преземат дел од јавната администрација, при тоа да им обезбедат соодветна обука, а ние сме спремни од 6 месеци до една година да им обезбдеиме плати додека трае обуката. Но, при тоа приватната компанија да гарантира дека по завршување на процесот на обука ќе го вработи адмимистративецот. Политиката која досега се водела има негативен удел во пополнувањето на јавната администрација. Мора да ја средиме јавната администрација, која е гломазна и неефикасна, кажа Заев.Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




