28 Март, 2024
0.0312

Политичко ветрило

Објавено во: Македонија, Колумни 26 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Промени во бројките нема , но има во времето. Тоа си тече, а јамката полека, но сигурно станува се потесна. За ваквата состојба повеќе од свесни се и  „победниците“. Знаат дека со секој изминат ден прикаската за едно време кога се владееше тоталитарно и автократно се ближи кон крајот  и секоја од рољите ќе мора да се соочи со последиците. Тоа е тој немилосрден процес, пред кој е исправена врхушката на ДПМНЕ по 11 декември. Но од таквиот процес не треба да се вознемирува никој, а најмалку верните , искрените и поштените членови на ДПМНЕ. Овој процес е многу здрав, дури и неопходен за серизоно проветрување на паријата која 10 години управуваше со државата и ја доведе на дереџето на кое сега се наоѓа.

Тоа што промени во мандатите нема навидум е добро и му одговара на лидерот. Но тоа што е лошо е што од денеска и официјално, отпочнува борбата за реформски промени што воопшто не му оди во прилог на Груевски. Тврдам дека задржувањето на мандатот за кој се гласаше во Теарце не беше вистинската цел на лидерот. Тој лично посакуваше и да го изгуби за да може да го осуди политичкиот противник за „постизборен инженеринг“ и да го искомплицира  постизборниот процес. Затоа, резултатот не е во корист на Груевски, иако неговите слават победа. Зборува само за формирање на влада, а не и за реформи. Тука е тотално хендикепиран. А без реформи неможе да формира  парламентарно мнозинство.

Во борбата за обезбедување на собраниско мнозинство која веќе отпочнува, задржаниот пратеник  не му значи многу.Тој,  како што рековме, има проблем со реформите, за што се заинтересирани сите политички сили во земјата (освен неговата партија), бидејќи тие се клучна претпоставка за трајно надминување на длабоката општествено-економска и политичка криза во земјата.  А тој неа не ја ни признава. Тврдоглаво остана на тезата дека за кризата му е виновна опозицијата. Сите аргументи за причините и последиците од неа не ги распознава. Тој се плаши од нив. Нема свест за начинот на нејзино трајно надминување. Затоа, слободно може да се каже дека  Македонија имала среќа што граѓаните не му изгласа 63 пратеници. Со нив ќе ја продолжеше практиката што доведе до крајно заострување на противречностите во општеството  и уште повеќе  ќе ја продлабочеше кризата. 

Со вонредните избори Груевски е ставен во ситуација и покрај наводната победа (од два пратеника) да не може да формира влада, бидејќи нема партнери. Според она што го бараа во предизборната кампања,  нема партија која би пристанала на неговите настојувања да се елиминира СЈО и партија која би ги игнорирала  реформите кои се неопходни за профункционирање на правната држава и за продолжување на патот кон ЕУ и НАТО. Проблемите му се усложнуваат уште повеќе поради нагласената предизборна националистичка реторика, особено со критиките на СДСМ за предавство на националните интереси поради приклучување на Албанци во неговите редови.

 И на Груевски му е јасно дека не може да смисли ништо за време на мандатарскиот период што не можеше да го направи и досега. Но, тој не ги перципира односите со Албанците врз демократски принципи. Затоа и нема одговори  на  децидните барања на албанските партии за официјализирање на албанскиот јазик, за продолжување на мандатот на СЈО, за рамномерниот буџет. И кој ќе му верува ако се обиде да манипулира, кога за него овие проблеми досега не постоеја? Да не зборуваме за барањето да не се разговара со политичари осомничени за криминал.

Да не му е човек во неговата кожа. Тој бараше народот да пресуди. Народот го направи тоа. Со распределбата на пратеничките мандати ја редуцира моќта на врхушката на власт за да не може да ја избегне одговорноста за досегашното непримерно владеење, каде покрај корупциските скандали ќе остане запаметено и  по масовното прислушување на јавноста. Веќе нема кому не му е јасно дека овој скандал мора да се надмине на начин никому и никогаш во иднина да не му текне од позиција на власт да работи за себе и/или за партијата, узурпирајќи ги државните органи и институции и ставајќи ги во функција на одбрана на криминогените типови во власта.

Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра