Politico: Кога Македонија и земјите од Западен Балкан ќе влезат во ЕУ?
Објавено во: Македонија, Балкан 16 Декември, 2016 11:45
Македонија би станала членка на Европската унија (ЕУ) по 2030-та година, пишува европското издание на Politico.
Земјите од регионот тоа би го направиле за пет години порано, односно по 2025-та година, наведува изданието.
Шансите кои Politico и ги дава на земјата за членство се 50 %, и оценува дека како предност е тоа што во Македонија има помалку внатрешни проблеми отколку Босна и Херцеговина.
„Преговорите за членство одат многу бавно. Грција не го признава дури ни името Македонија, кое го смета како закана за територијалниот интегритет на сопствената покраина со истото име. Македонија исто така има голем број на несогласувања со Бугарија, а покрајт тоа постојат и сериозно обвинувањата кои се однесуваат на непочитувањето на владеењето на правото“-пишува Politico.
Прв кандидат за членство би можела да биде Албанија, која веќе е членка на НАТО и е „ослободена од југословенските војни од 90-тите години“. Politico наведува дека од земјите од Западен Балкан, Албанија би можела прва да стигне до членство во ЕУ, односно по 2025-та година, додека Црна Гора, Србија и Косово тоа би требало да го достигнат по 2027-та година.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




