15 Мај, 2024
0.1205

Полјаци го бојкотираат Теско како протест поради однесувањето на Лондон

Објавено во: Свет 10 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Полската селска партија , која е членка на владејачката коалиција во Варшава , повика на бојкот на британскиот дистрибутивен синџир, Tesco . Британскиот премиер Дејвид Камерон го предизвика гневот на Полска , откако во неделата  пред Би-Би-Си ги критикуваше привилегиите кои ги уживаат полските имигранти кои работат во Велика Британија и посебно оние кои примаат детски додаток и ги испраќаат на своите деца, кои останале во Полска . "Време е да кажеме " не " на ваквата политика на премиерот Камерон . Ги повикуваме Полјаците да го бојкотираат синџирот" Tesco ", истакна лидерот на парламентарната група на Полската селска партија, Јан Бури , пренесуваат агенциите. "Не можеме да останеме индиферентни, кога Камерон ги навредува Полјаците и ги напаѓа полските семејства ", додаде тој. Tesco има 30 000 вработени во Полска, каде инвестирал 2,4 милијарди евра во синџирот од продавници. Премиерот на Полска, Доналд Туск , во вторникот објави дека Варшава ќе се спротивстави на каква било промена на правилата за европската миграција во пределите на Европа , на што инсистира Камерон . Веќе кон крајот на декември , британскиот премиер истакна дека безусловно отворање на британскиот пазар на труд за работниците од новите европски членки во 2004 година била колосална грешка . Ова мислење беше остро критикувано од полскиот нобеловец за мир и творец на синдикатот Солидарност, Лех Валенса . Околу 640 000 Полјаци живеат во Велика Британија , според британските статистики од 2012 година , но полската заедница смета дека во Велика Британија има 1 милион Полјаци. На крајот на ноември, непосредно пред отворањето на пазарот на труд за Романците и Бугарите , Камерон даде до знаење дека сака да ги заостри правилата за доделување на социјална помош за европските имигранти.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев