ПОЛОВИНА ОД РОДЕНИТЕ ДЕЦА СЕ ВОНБРАЧНИ: Склучување брак во време на пандемија само ако е итно
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 15 Ноември, 2020
Во Словенија брак ќе може да се склучи само во итни случаи.
Министер во владата на Јанез Јанша ја наведе бременоста како оправдана причина за итна венчавка.
Во исклучителни случаи, паровите ќе можат да стапат во брак со примена на епидемиолошки мерки, присуство на матичар и најмногу две други лица. За да се одржи венчавката ќе им биде потребна дозвола и од надлежниот министер.
Речиси половина од децата родени во една година се родени во вонбрачни заедници, потврди статистиката во Словенија.
Во Словенија во последните 24 часа тестирани се 3.563 примероци, а позитивни на Ковид-19 биле 920 луѓе, додека 32 пациенти починале.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.