Полскиот министер и понатаму и се заканува на Русија
Објавено во: Свет 23 Февруари, 2015 13:08
Шефот на полската дипломатија Гжегож Шетина се залагаше пораката на Русија од Европската унија да биде јасна: ескалацијата на конфликтот по ескалацијата на санкциите.
Во интервјуто кое денеска го објавува „Дјеник Газета“, Шетина меѓу другото додал дека радикални чекори како што би биле отсекување на Русија од меѓународниот платен систем на „SWIFT“ или напуштање на договорот со ЕУ за стратешко партнерство со Русија, е последната од сите можности.
Шетина изјавил дека планот „Б“ ако ЕУ не може да го примени најновиот договор од Минск е воведување на дополнителни санкции.
„Секоја етапа на санкција е мач со две острици, на било кој да се однесува. Јас не го поддржувам таквото сценарио. Но, тие треба да бидат подготвени и да ги поврзете со она што се случува во Украина.... Ако има ескалација од страна на Русија, ќе има и ескалација на санкции. Пораката мора да биде јасна: што повеќе насилство толку повеќе санкции“, изјавил Шетина.
По проценката на Шетина, дека постои можност Русија да ја искористи Грција во прашање на санкциите, реално е многу поголема опасност.
„Грција може да биде извор за друга држава која е против тоа Украина да биде приоритет во односите со Русија. Таа држава може да се крие позади Грција. Замислувам таква аргументација - не сме во ЕУ единствени, колегите од Грција имаат друго мислење, не можеме ништо да форсираме на сила затоа што е најважно едниството“ изјавил Шетина.
Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки




