19 Декември, 2025
0.0837

ПОМАЛИТЕ ПАРТИИ ЗА ИВАНОВ: Едни бараат притворање, други ќе го прогласат за непосакувана личност

Објавено во: Македонија 02 Март, 2017 10:07

Добивај вести на Viber

Повеќе партии излегоа со став дека претседателот, Ѓорѓе Иванов треба да ја смени својата одлука и да го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за формирање на влада. 

ПДП ќе им предложи на сите албански партии во Македонија да потпишат заеднички меморандум со кој ќе го прогласат Иванов за непосакувана личност за нив.

„Со чинот на недавање мандат за составување на влада преку неговото наивно образложение и негирање на Платформата на албанските политички партии, лицето Иванов уште еднаш докажа дека Уставот за него не претставува ништо туку прогласите на неговата политичка партија се закон и Устав. ПДП уште еднаш го потсетува лицето Иванов дека не е тој туку Уставниот суд согласно член 31 од Законот за политички партии кој е надлежен да покрене судски спор во случај кога политичката платформа на некоја политичка партија не е во склад со уставните норми. ПДП го повикува лицето Иванов да се вразуми и да ги почитува пријателските препораки на Стејт Департментот, препораките на Комисијата на ЕУ, на Комисарот Хан и да го врачи мандатот на Зоран Заев“ - наведуваат од ПДП. 

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) најостро ја осудува вчерашната одлука на, како што вели, таканаречениот претседател да не го даде мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Ваквото негово образложение е спротивно на Уставот на Македонија, според нашата партија претседателот направи државен удар и веднаш треба да се притвори. Во една правна држава ова веднаш би се применило. Не може претседател да презема и да донесува одлуки надвор од своите ингеренции. Веднаш по притворањето треба да се установи кои се причините за донесување на одлуките надвор од Уставот на Македонија“- се наведува во реакцијата на ПЦЕР.

Со одлуката да не му го додели мандатот за составување Влада на предводникот на опозицијата, претседателот Ѓорге Иванов, безобѕирно го погази Уставот на РМ и дадената заклетва и „избриша“ повеќе од 612.000 граѓани на сопствената држава, реагира Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ).

ПОПГМ со презир ја осудува одлуката на претседателот Иванов да не му го додели мандатот за составување Влада на предводникот на опозицијата.

Македонија нема политичка, туку длабока меѓуетничка криза со сериозни реперкусии по државната безбедност, соопшти ТМРО.
„На она што досега неколку пати предупредувавме се остварува. Платформата од соседна држава, реакциите на друга дека не била окупатор на овој простор, повикувањето на меѓународен воен фактор да ја решава кризата, ја отвара Сириската пандорина кутија, која во 2011 имаше ист почеток и сценарио“ -велат од партијата.  
ТМРО повикува на трезвеност и изнаоѓање политички договор за техничко-преодно функционирање на државата и парламентарни и локални избори на крајот од септември годинава со Македонија како една изборна единица.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата