19 Декември, 2025
0.0730

ПОМАЛКУ ДОМАШНИ, А ПОВЕЌЕ СТРАНСКИ ТУРИСТИ: Kолку Турци, Срби, Германци ја посетиле Македонија?

Објавено во: Македонија 11 Август, 2025 16:47

Добивај вести на Viber

Статистиките покажуваат раздвижување во туристичкиот сектор. 

Во првата половина од годинава Македонија ја посетиле 520.861 туристи, што е за 13 отсто повеќе од  истиот период лани, обjaви  Државниот завод за статистика(ДЗС).

Во периодот јануари – јуни  регистрирани се 125.306 домашни туристи, што е за 2,5 отсто  помалку од истиот период лани, додека странските доаѓања се зголемиле за дури 19,7  отсто или вкупно 395.555 туристи.

Туристите во овој период оствариле 980.246 ноќевања, што претставува раст на годишно ниво од 8,5 отсто. 

Кај домашните туристи има намалување за 1,1отсто, а кај странските има зголемување за 13,3 отсто. 

Бројот на туристите во јуни 2025 година изнесува 126.415, од кои 20,1 отсто се домашни туристи, а 79,9 отсто се странски туристи.

Позитивни  бројки се забележани и кај ноќевањата. Во јуни се забележани  243.157, од кои 26,7 отсто се на домашните туристи, а 73,3 отсто на странските туристи.

Во јуни најбројни биле туристите од Турција (34.366), а потоа следат Србите (8.897), Германците (8.011) и Холанѓаните (3.604).

foto Wikipedia/kallerna

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот