Помина на комисија и последниот амандман за промена на Уставот
Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2018 20:11
Усвоен e и последниот амандман за промена на Уставот.
Комисијата за уставни прашања попладнево со девет гласа „за“ и пет „против“ го усвои и последниот предлог амандаман за промена на Уставот. Амандманот се однесува на член 49 од Уставот за грижа за македонскиот народ во соседните држави, кој преформулира во грижа за културното и историското наследство на македoнскиот народ во странство, грижа за правата и интересите на македонските државјани во странство, но и немешање во сувереното право и внатрешни прашања на други држави.
Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека со ова Македонија се откажува од своето малцинство во Грција. Според пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, со Договорот за името и амандманите на Уставот Македонија е далеку од затворање на сите прашања со Грција. Вели дека не сме дојдени во фаза Грција да ни признае засебен македонски национален идентитет.
„Мислам дека треба да имаме разбирање, прашањето како тоа државата води грижа за сите свои граѓани подеднакво кои што живеат и работат надвор од државата…. Прашањето за иденитетот, така како што јас го знам, но го потврдуваат и експертите, велат дека тоа е прашање кое што се потврдува со јазикот, историското и културното наследство“, изјави премиерот Зоран Заев.
Пленарната седница на Собранието на која ќе се расправа за уставните амндамни е закажана за 1 декември.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци




