04 Ноември, 2024
0.0279

Поморскиот транспорт, надеж за грчката економија

Објавено во: Балкан 01 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле најави дека Европа нема да и го сврти грбот на Грција. И покрај силната криза која ја погоди грчкото стопанство, тамошниот поморски сообраќај и понатаму останува конкурентен, пишува Ал Џезира. Владата верува дека поморската транспортна индустрија може да помогне да се опорави стопанството, но бродосопствениците не се така сигурни, известува новинарот на Ал Џезира, Џон Псарапулос. Танкерот „Анафи“ кој има носивост од 115.000 тони, полека с еповлекува низ теснецот Саламис, далеку од брагот на Атина. Пет пати е помал од најголемиот танкер, но дури и овој брод е преголем за да влезе во една од најголемите грчки рафинерии. Единствен начин на кој може да вплови е танковите да му се полупразни. Раст на трошоците Бродовите како „Анафи“ ја ставаат грчката трговска поморска флота на листата на најконкурентни во светот, што не може да се рече и з агрчката економија. „Грците денес ја водат најголемата трговска поморска флота во светот-со најмалку 3.500 прекуокеански бродови како овој, а кои можат да пренесат 15 посто од светскиот товар. Во државната каса уплатуваат околу 18 милијарди долари годишно, што е повеќе од шест посто од грчкиот бруто домашен производ“ - известува Ал Џезира. Но, оваа приказна за успехот ја пишуваат Грци, а не Грција. Помалку од 1.000 грчки бродови пловат под националното знаме, бидејќи законот вели дека тогаш мора да вработуваат грчка посада, а тоа ги крева трошоците. Грција така губи и на останатите полиња, како што се осигурување, набавка, бродоградба и ремонт. Планот на владата беше, целиот тој систем да го воспостави во Пирејското пристаниште. Беа блиску до таа цел, но како што вели сопственикот на „Анафи“, политичарите рекоа - не. Ремонтираната зона Перама, во државна сопственост, денес е мртва зона. По некој патнички траект е тука на ремонт, но не и прекуокеанските бродови. А малкумината вработени не заработуваат повеќе од 100.000 долари годишно, како некогаш. Синдикатите под водство на Комунистичката партија на овој проблем гледаат поинаку. Ниски даноци „Прв и основен проблем е дека ниту една влада немаше стратешки план за ремонт на бродовите. Друг проблем е дека ремонтните зони немаат соодветна опрема. Потребни се дополнителни инвестиции“ - порача Василис Бинос, претседател на синдикатите. Грција нуди пониски даноци за бродовите. Како знак за признавање на тој гест, бродосопствениците доброволно се пријавија, тие даноци да ги удвојат за три години и така да и помогнат на земјата да излезе од должничката криза. Но, нивниот патриотизам е само дотука. Поморскиот транспорт е исплатлив, но и високо ризичен. Ако Грција сака поголем дел од поморскиот транспортен колач, тогаш мора да го прави она што индустријата го диктира. Грција очекува дека 2014 година ќе го собори минатогодишниот рекорд по бројот на посети и приходи од туризмот, а експертите веруваат дека бројот на хотелски трансакции во наредните години, значително ќе пораснат, како и дека банките ќе ги превземаат презадолжените хотели и ќе ги продаваат на приватниот сектор.  

Можеби ќе ве интересира

ГРЦИТЕ ГО ОПОМЕНУВААТ РАМА: Патот на Албанија кон Европа поминува преку Грција

ГРЦИТЕ ГО ОПОМЕНУВААТ РАМА: Патот на Албанија кон Европа поминува преку Грција

РАМА ВО СОЛУН: Вети дека Албанците ќе го учат албанскиот јазик

РАМА ВО СОЛУН: Вети дека Албанците ќе го учат албанскиот јазик

ЕВЕ ДО КАДЕ Е ПАТОТ ЕЛБАСАН-ЌАФАСАН: Еди Рама се пофали на Фејсбук

ЕВЕ ДО КАДЕ Е ПАТОТ ЕЛБАСАН-ЌАФАСАН: Еди Рама се пофали на Фејсбук

Тинејџер доби притвор за лажни дојави за бомби во осум сараевски училишта

Тинејџер доби притвор за лажни дојави за бомби во осум сараевски училишта

ЕВЕ КОЈ СТОИ ЗАД УНГАРСКАТА КОМПАНИЈА КОЈА ГИ НАДГЛЕДУВАШЕ РАБОТИТЕ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА: Истите тие работат и на Националниот стадион во Србија

ЕВЕ КОЈ СТОИ ЗАД УНГАРСКАТА КОМПАНИЈА КОЈА ГИ НАДГЛЕДУВАШЕ РАБОТИТЕ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА: Истите тие работат и на Националниот стадион во Србија

МРТВА ТИШИНА, СЕ ПОВЛЕЧЕ И ПОЛИЦИЈАТА: Завршени се истрагите на Железничката станица во Нови Сад, сослушани се 26 лица

МРТВА ТИШИНА, СЕ ПОВЛЕЧЕ И ПОЛИЦИЈАТА: Завршени се истрагите на Железничката станица во Нови Сад, сослушани се 26 лица

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ГРЦИЈА: Епицентарот кај Неа Мудања во близина на Солун

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ ГРЦИЈА: Епицентарот кај Неа Мудања во близина на Солун

„ВАКВИ ТЕШКИ ПОВРЕДИ СЕ ГЛЕДАТ САМО ВО ВОЕНИ УСЛОВИ“: УКЦ Војводина за состојбата на повредените, „Се уште се во животна опасност“

„ВАКВИ ТЕШКИ ПОВРЕДИ СЕ ГЛЕДАТ САМО ВО ВОЕНИ УСЛОВИ“: УКЦ Војводина за состојбата на повредените, „Се уште се во животна опасност“

ПОВРЕДЕНИТЕ СЕ НА АПАРАТИ ЗА ДИШЕЊЕ, УШТЕ СЕ ВО ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКА СОСТОЈБА: Детали соопшти директорката на КЦ Војводина

ПОВРЕДЕНИТЕ СЕ НА АПАРАТИ ЗА ДИШЕЊЕ, УШТЕ СЕ ВО ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКА СОСТОЈБА: Детали соопшти директорката на КЦ Војводина