РАБОТНИК СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ ПО ПАД ОД ГРАДИЛИШТЕТО „ТРЕСКА“: Паднал од една од зградите на која работел
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2024 09:01
Трагичен настан го потресе Скопје вчера попладне, кога работник тешко се повредил откако паднал од зграда во изградба на просторот на поранешната фабрика „Треска“. Работникот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар, каде лекарите се борат за неговиот живот.
Министерството за внатрешни работи за СДК го потврди настанот и објасни дека нивни екипи веднаш извршиле увид на местото. Според информациите добиени од МВР, повредениот работник е во критична состојба и добива интензивна медицинска нега.

„Инцидентот беше пријавен околу 16:30 часот, кога работник паднал од градилиште во кругот на фабриката ‘Треска‘. Екипи на СВР Скопје веднаш реагираа и извршија увид, а лицето беше транспортирано во Ургентниот центар со екипа на Брза помош. Состојбата на работникот е животозагрозувачка“, изјавија од МВР за медиумите.
фото: ФакторМожеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




