16 Декември, 2025
0.0440

МРТВА ТИШИНА, СЕ ПОВЛЕЧЕ И ПОЛИЦИЈАТА: Завршени се истрагите на Железничката станица во Нови Сад, сослушани се 26 лица

Објавено во: Балкан 03 Ноември, 2024 21:22

Добивај вести на Viber

На местото каде во петокот се случи голема несреќа кај Железничката станица во Нови Сад, каде при уривање на настрешницата загинаа 14 лица, завршени се сите истражни дејствија.

Според наводите на Блиц, и полицијата се повлече. На местото на несреќата останале само неколку патроли за да ги спречат љубопитните граѓани да се приближат до ова место.

Местото на трагедијата се уште е оградено со заштитна лента, а најдалеку што можете да се приближите до станицата е на околу 10 метри од местото на трагедијата.

Вишото јавно обвинителство соопшти дека вчера испрашало 26 лица поради трагичниот настан во петокот кога 14 лица загинаа откако се урна натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Три лица го преживеале трагичниот настан, но според последните информации од Клиничкиот Центар Војводина, тие се во критична состојба со тешки повреди на повеќе органски системи.

Во петокот, неколку минути пред пладне, се урна натстрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад, при што беа затрупани патници кои чекаа превоз.

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата