16 Декември, 2025
0.1550

ГРЦИТЕ ГО ОПОМЕНУВААТ РАМА: Патот на Албанија кон Европа поминува преку Грција

Објавено во: Балкан 04 Ноември, 2024 18:18

Добивај вести на Viber

Грчките власти велат дека патот на Албанија кон Европа поминува преку Грција. 

Бараат да се почитуваат правата на грчкото малцинство во Албанија. 

„Патот на Албанија кон Европа поминува преку Грција и предуслов што не може да се заобиколи е почитувањето на грчкото етничко малцинство во Албанија“, изјави портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на албанскиот премиер Еди Рама изразен вчера во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Рама одржа средба со Албанците кои живеат во Солун, каде што, според грчките медиуми рекол дека фразата „Северен Епир“ што во Грција се користи за јужниот дел на Албанија каде што живее грчкото малцинство е „мртов термин“ и дека „оној кој го користи овој термин кога зборува за југот на Албанија покажува дека не сака да живее во 21 век.“

Во Грција има реакции за изјавата на Рама. 

„Може за Рама Северен Епир да не постои, но претпоставувам дека е очигледно дека постои грчко етничко малцинство во Албанија, кое има свои права, чие што почитување, но и целокупното почитување на грчкото етничко малцинство во Албанија, е експлицитен предуслов за пристапниот процес на Албанија, според едногласниот став на 27-те земји членки, како што со правилно укажа Министерството за надворешни работи“, додаде Маринакис.

Рама на Албанците во Грција им вети дека ќе потпише договор за тие да го учат својот мајчин јазик. Албанскиот премиер го посети Солун, а претходно во мај беше во Атина исто на средба со грчкото малцинство. Албанија минатиот месец ги почна преговорите со ЕУ. 

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата