Понудата на Груевски до Заев, СДСМ ја оцени како евтин трик
Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2017 09:42
Откако Зоран Заев ги доби потребните потписи за добивање мандат за составување влада, Никола Груевски му упати јавна понуда дека ВМРО –ДПМНЕ ќе ја поддржи малцинската влада на СДСМ, но само ако не коалицираат со албанскиот политички кампус, оти нивниот договор водел кон редефенирање на државата.
Од СДСМ возвратија дека лагите за наводни редефинирања, федерализации и кантонизации на државата се последица на стравот од соочување со правдата која доаѓа.
Понудата на Груевски пак за опозицијата и за дел од полтичките аналитичари се смета за евтин трик, особено ако се знае дека и ВМРО-ДПМНЕ преговараше за истата платформа и истите барања на албанскиот политички кампус, а токму од ДУИ соопштија дека единственото нешто околу кое не се согласиле со ВМРО-ДПМНЕ за да формираат влада е само продолжувањето на мандатот на Специјалното јавно обвинителство.
Политичките аналитичари сметаат и дека сега Груевски се обидува да се претстави како жртва пред граѓаните, па затоа посочува дека е подготвен да оди и во затвор ако треба, но бара да се зачува унитарноста на државата.
„Му порачувам на Заев и му давам јасна понуда, доколку по секоја цена е решен да стане премиер и доколку цената треба да се работи кои ќе им направат штета на темелите на државата, дека лично му нудам доколку албанските партии го донесат на власт, ако се откаже од спроведувањето на таа агенда, ќе му дадеме поддршка да биде малцинска влада во период во кој ќе се договориме, и ќе има поддршка за сите закони освен оние за редефинирање на државата, кои се понижување на другите етнички заедници, изјави Груевски.
Но, Груевски не застана тука па го повика и народот да ја одбрани државата бидејќи Заев со помош на странски сили сака не само да ја федерализира, туку крајната цел е и промена на името, па токму затоа, според Груевски некој сака да го симне него од власт и да го донесе Заев.
„Една порака до граѓаните, ако седат и планираат со седење дома некој друг дека ќе им ја одбрани државата се во заблуда. Само народот може да ја одбрани“, изјави Груевски.
Сепак, ако СДСМ формираа влада, со албанскиот политички кампус, Груевски се закани дека во партијата имаат стратегија како со тоа ќе се справат но, детали не обелодени.
„Ние секако имаме стратегија, секојдневно дебатираме и ја разглобуваме таа стратегија.
Имаме различни планови направено, како планови кои произлегуваат од таа стратегија, но во овој момент не можам да ви ги соопштам, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
На сите овие обвинувања од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ возвртија дека ниту една лага на Груевски неможе да спречи државата да чекори кон подобра иднина.
„Никола Груевски цели десет години злосторнички се однесуваше кон Македонија и нејзините национални и стратешки интереси. Груевски и неговите најблиски соработници ќе одговараат пред институциите на системот за грабежот, криминалот, корупцијата, личните, професионални и семејни трагедии што им ги нанесоа на граѓаните на Република Македонија, посочија од СДСМ. СДСМ, ги доби потребните потписи за да го добие мандатот од претседателот на државата Горѓе Иванов, но како тој ќе постапи засега е неизвесно, иако и ЕУ и НАТО, упатија јасни пораки дека Иванов треба да му го даде мандатот за составуување на влада на Зоран Заев.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци




