Попладне повторно нестабилно време, утре стабилизација, в петок и сабота голем пресврт
Објавено во: Македонија 06 Јули, 2022 08:56
Оваа среда метеоролозите најавуваат сончево и топло време со нестабилност која попладне ќе дојде до израз.
Метеоролозите од УХМР најавуваат локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на невреме.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ-индекстот ќе има вредност 8.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33 степени.
УХМР соопшти дека на повеќе места денеска ќе има нестабилно време, локално во форма на невреме, а во северните делови ќе има пад на температурата за околу три степени.
Стабилизација на времето ќе има во четврток, додека нестабилен бран доаѓа во петок и сабота кога ќе има обилни врнежи од дожд, температурите ќе паднат, а локално невремето ќе биде со силни електрични празнења, град и засилен ветер.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




