ПОПЛАВАТА КАЈ МКЦ ОСТАВИ БЕЗ ВОДА ГОЛЕМ БРОЈ ГРАЃАНИ: Цистерна со вода ќе поминува додека да се санира пукнатата цевка
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2023 12:40
ЈП Водовод и канализација – Скопје известува
дека во однос на дефектот на Ф-600 мм на ул.Кеј Димитар Влахов 15 до МКЦ во
населба Центар, заради кој со прекинато водоснабдување се корисниците на дел од
Крњево, Керамидница, ТЦ Ист Гејт, Бул.Александар Македонски до бензинската
пумпа Лук Оил, Пожарна, а со намален притискок Маџари и Хиподром, од страна на
екипите на претпријатието се превземени сите активности и мерки за отстранување
на истиот.

Од рано изутрина екипите се излезени на терен со целосна механизација и системски работат на отстранување на дефекот.
Во овој момент неможе да се предвиди точното време на санирање на дефекот, но екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје се и ќе останат на терен се до целосно отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето во сите делови каде истото е прекинато.

Цистерна со питка вода е подготвена и ќе гравитира низ населените места со прекин на водоснабдувањето врз основа на потребите на граѓаните и нивните барања упатени до Дежурно Информативниот Центар на ЈП Водовод и канализација – Скопје, каде за секоја потребна дополнителна информација граѓаните може да се обратат на телефонскиот број 02 3073 010.
ФОТО: Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ВО МИНАТОТО МАКЕДОНСКОТО ДОМАЌИНСТВО ВО ПРОСЕК БРОЕЛО 5, А ДЕНЕС 3 ЧЛЕНА: Ова е податок што треба да нѐ загрижува
„ИНАКУ, 20.000 ФУНТИ СЕ ОКОЛУ 2.000 ПРЕКРШОЦИ ОД ПО 51 КИЛОМЕТАР НА ЧАС“: Макрадули вели, наместо мигранти, да се намали брзината за казни на 25/26
„ВРЕМЕ Е БУГАРИТЕ ДА СЕ ВНЕСАТ ВО УСТАВОТ“: Најчевска вели тоа да е во замена за почеток на разговори за штетите од Бугарија од Втората светска војна
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ниту еден бегалски шатор нема да има, СДСМ ја отвори петицијата
СДСМ ја отвори онлајн петицијата за мигрантите, граѓаните се потпишуваат
Коцевски за анкетната комисија: Tреба многу да се внимава за да не се компромитираат докази и сведоци
Како ќе постапевте ако беше ваше дете во прашање - родителите од Кочани до власта
Митева: Владата му предлага на Собранието да го разреши од функцијата јавниот обвинител Љупчо Коцевски





