Попоски најавува нов влажен бран, но и температури околу 20 степени
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2022 17:09
Meтерологот Славчо Попоски вели дека под влијание на нов влажен но и постуден бран од север, вечерва во западните и во северните, а утре и тоа особено попладне и вечерта и на другите места ќе има нови врнежи од дожд.
На планините над 1500 м.н.в и тоа особено во западните предели ќе има врнежи од снег, додека оваа ноќ снежната граница има услови да се спушти и на помала надморска височина.
Инаку се до крајот на оваа седмица повремено ќе има врнежи од дожд и тоа од локален карактер.
„Од четврток до сабота нашата територија ќе се наоѓа под влијание на изразено јужно и југозападно воздушно струење кое ќе услови НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ температури за овј дел од годината. Истите тие денови ќе се искачуваат во интервалот од 12 до дури 19 степени. Од утре исто така ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Исто така овој топол бран за овој период од годината ќе услови и транспорт на прашина и песок од Сахара кон нашата територија“, вели Попоски.
Поради наглите промени на временската состојба кај нас, но и поради големото затоплување кое накратко ни доаѓа, кај метеопатите се можни здравствени проблеми (проблеми со притисокот, лошење, главоболка и слично). Доколку граѓаните овие денови осетат поголеми здравствени проблеми задолжително да се јават кај својот матичен лекар.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




