Попоски: Никој не ми кажал дека Груевски не треба да биде на кандидатска листа
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2016
Министерот за надворешни, Никола Попоски нема амбиции да стане нов лидер на партијата, доколку се остварат шпекулациите дека Груевски ќе биде принуден да се повлече од политиката, иако неговото име е најспоменувано како фаворит за челната функција во ВМРО-ДПМНЕ, изјави вечерва во интервју за „360 степени“ на Алсат-М.
Коментирајќи ги се погласните најави меѓу кои и онаа на евроамбасадорот Жбогар дека партиите својата антикорупциска посветеност треба да ја покажат со изборот на своите кандидати за пратеници, Попоски истакна дека „кој било дипломат не може и не е во негов интерес да ги креира кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ“, укажувајќи дека на средбите со дипломатите, никој не му кажал дека Груевски или лицата чии имиња се имплицирани во истрагите на СЈО не треба да бидат на кандидатските листа на ВМРО-ДПМНЕ
Во однос на проблематизирањето на именувањето на досегашниот шеф на јавното обвинителство за организиран криминал, Јован Илиевски за судија од Македонија во Судот за човекови права во Стразбур, Попоски за „360 степени“ не сакаше директно да одговори на прашањата поврзано со тоа дали кандидатурата на Илиевски ги задоволила задолжителните критериуми кои ги барала националната комисија за избор чија прв човек бил токму тој.
Попоски во интервјуто за „360 степени“ не сакаше да ги коментира соопштенија од руското МНР во кои се атакува на прозападната опозиција и се брани владејачката партија.
„Не треба да влегуваме во глобални пресметки меѓу големите суперсили. Не сме барале никој да не брани, ниту некој треба да не брани. За видувањата на Москва, треба да се обратите до Москва“, изјави тојво интервјуто за „360 степени“.