ПОПОСКИ СО ОСУДА КОН РАМА: Соседите да не се мешаат во нашите работи и да не поставуваат мини кои кријат ризици за сите
Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2017 11:35
Министерoт за надворешни работи Никола Попоски го осуди мешањето на официјалните власти на Албанија и особено на албанскиот премиер Еди Рама во внатрешните работи на Република Македонија.
Коментарот на Никола Попоски е по повод донесената „албанска платформа“ на албанските партии во Македонија, која беше објавена по консултации во Тирана и Приштина на лидерите на ДУИ, Али Ахмети, на Движењето „Беса“ Билал Касами и на Зијадин Села од Албанскиот сојуз.
Во таканаречената „Албанска платформа“ тројцата се согласуваат за промена на Уставот, државните симболи и воведување на албанскиот како службен јазик во Република Македонија.
„Не е ниту воспитано, ниту пак соодветно кога премиер или претседател на една соседна земја, непосредно се меша во внатрешните работи на друга држава“, рече Попоски.
Попоски ги дефинира како грешни посланијата и поведенијата на властите во Тирана во момент кога Македонија се наоѓа во сложена политичка состојба.
„Секако станува збор за опасна интервенција во место со мултинационална култура. Тоа е прилично далеку од политиката на добрососедство. Ако сите прифаќаме дека иднината ни е во Европа, тогаш нашата борба треба да биде за повеќе сстабилност, мир, правда и напредок за сите граѓани. Ние секогаш сме биле многу коректни при соработката со соседите. најдобро е и тие да се придржуваат кон оваа приктика и да не поставуваат мини кои кријат ризици за сите“, рече Попоски во одговор на прашањето дали гледа интервенција на Тирана и Приштина во внатрешните работи на Македонија.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




